Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

ДОДИК ГИ РАЗБЕСНИ ХРВАТИТЕ И БОШЊАЦИТЕ: Испраќа барање за преместување на амбасадата на БиХ во Ерусалим

Во понеделникот, српскиот член на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, најави дека ќе испрати барање за одржување на вонредна седница на Претседателството, на која исклучиво ќе се разговара за иницијативата за преместување на Амбасадата на БиХ од Тел Авив во Ерусалим.

Додик објасни дека тоа е во интерес на Соединетите држави и дека БиХ се грижи за американската поддршка, пренесува РТРС.

Другите двајца членови на Претседателството, Шефик Џаферовиќ и Жељко Комшиќ, го одбиваат предлогот и велат дека нема да има вонредни седници.

– Би било добро за нас, за Република Српска и ќе испратам барање до Претседателството да донесе одлука и да ја премести амбасадата на БиХ од Тел Авив во Ерусалим, бидејќи тоа е очигледно во интерес на Соединетите држави. Тоа го видовме пред некој ден за време на разговорот на Вучиќ во Вашингтон. Зошто да не го сториме тоа ако се грижиме за американската поддршка и благонаклоност – рече Додик.

Барањето за вонредна седница на која би се решило да се премести Амбасадата на БиХ во Ерусалим, веќе е испратено во канцеларијата на претседателот на Претседателството на БиХ, Шефик Џаферовиќ.

Тој посочи дека иницијативата на Милорад Додик за БиХ да го премести седиштето на амбасадата во Израел е политичка и популистичка.

– Таквата одлука воопшто нема да биде тема на седницата на Претседателството – додаде Џаферовиќ.

Хрватскиот член на Претседателството на БиХ, Жељко Комшиќ, исто така рече дека иницијативата на Додик нема шанси да помине.

Соединетите држави први ја преместија амбасадата во Ерусалим во 2017 година, по што следуваше Гватемала.

Палестина и арапскиот свет веруваат дека Израел го окупирал Ерусалим и сметаат дека преместувањето на странски амбасади е удар врз палестинскиот суверенитет.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...