Белград и Приштина формално се обврзаа на воспоставување економски врски, но тоа може да има сериозни геополитички последици, пишува московски Комерсант.
Овие последици се рефлектираат во тоа, продолжува весникот, што ќе ја ослаби зависноста на Србија од рускиот гас и ќе обезбеди поврзување на Белград и Приштина со безбедносниот систем предводен од Соединетите држави.
Весникот наведува дека нема официјална реакција од Русија за потпишувањето на документите во Белата куќа, но тој „делумно“ се појави на ФБ страницата на портпаролот на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова.
Весникот наведува дека главната политичка новина е во точката 15 од документот, каде што Косово се согласи на годишен мораториум дека нема да бара членство во меѓународни организации, а Србија нема да ги убеди другите земји да не го признаваат Косово или да го укинат признавањето.
Последната точка каде што се зборува за односите меѓу Белград и Приштина со Израел е уште понеочекувана, се наведува во весникот.
Комерсант го цитира белградскиот аналитичар Влатко Секуловиќ дека „израелскиот елемент“ во документот потпишан од лидерите на Белград и Приштина не само што ги зголемува изборните шанси на Трамп, туку го зајакнува и самиот договор.
Во меѓувреме, Палестина предупреди дека палестинските власти ќе ги прекинат дипломатските односи со која било земја што ќе се пресели или отвори амбасада во Ерусалим.