10.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ЗА ШТО СЕ РАЗГОВАРА ВО БРИСЕЛ: Вучиќ се сретна со Борел и Лајчак

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во 11 часот започна билатерална средба со шефот на дипломатијата на ЕУ, Жосеп Борел и специјалниот претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Мирослав Лајчак.

Според утврдената процедура, по билатералните средби на двете делегации со посредниците на ЕУ во дијалогот, закажан е трилатерален состанок на српскиот претседател Александар Вучиќ, премиерот на Косово, Авдулах Хоти, министерот за надворешни работи на ЕУ, Жосеп Борел и специјалниот претставник на ЕУ, Мирослав Лајчак, за 12 часот.

Како што претходно беше најавено на денешната трета рунда од обновениот дијалог на високо ниво, лидерите треба да го потврдат финализирањето на договорите за исчезнати, раселени и економски односи и да отворат нови теми што ги опфаќаат Унијата на српски општини, заемните финансиски побарувања и имотот прашања.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести