21.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

“Почеток за војна е прашање на време“

Шеф на Турска партија на националното движење Делвет Бахчели изјавил дека војната со Грција е “само прашање на време“.

– Не поимливо е да се сврти грб на нашите историски интереси на Медитеранот и Егејот. Целта на Грција е повторно да дојде и да заземе дел од нашата земја од каде ги исфрливме пред 98 годину. Соочени сме со нов план на инвазија – рекол Бахчели, пренесува “Middleeastmonitor”. Турскиот политичар, кој е во коалиција со владеачката партија продолжил:

– Ставот и однесувањето на Грција ќе ги одредува тензиите кои предизвикуваат крв и гнасна конфронтација.

Турција и Грција се во спор околу демаркација на морските граници на Медитеранот и права таму да истражуваат ресури на гас.

Во четвртокот шефот на НАТО Јанс Столтенберг најавил дека Грција е подготвена да започне разговори со Турција поради намалување на напнатоста, но Грција тоа го негирала.

Подоцна Столтенберг најавил почеток на разговрите меѓу двете земји. – Сметаме дека е потребно да се водат технички разговори за тоа како да се подобрат механизмите за решавање на конфликтот. Сеуште не е постигнат договор, но разговорите продолжиле – потврдил Столтенберг.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести