12.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

Венчавала во Италија и Албанија, па ги праќала во Сирија ДА СЕ БОРАТ ЗА ИСИС

Жена, по која се трагаше во Италија, за обид за регрутација на луѓе кои би требало да се придружат на таканаречената Исламска држава, уаппсена е денес во Тирана, објави албанската полиција за борба против тероризмот.

Според полицијата, Лубјана Ѓечај (43) ќе биде екстрадирана во Италија, каде судот во Милано ја осуди на три години затвор за поврзаност со терористички групи.

Локалните медиуми јавуваат дека Ѓечај, мајка на три деца, помогнала во организирање венчавки во Албанија и Италија и потоа ги испраќала во Сирија, преку Турција, за да се приклучат на таканаречената Исламска држава.

Се сомнева дека таа била дел од терористичка ќелија откриена во 2014 година во Италија откако бил склучен брак помеѓу Италијанка и Албанец.

Во тоа време во Италија беа уапсени десет лица.

Сепак, Албанските власти тврдат дека ниту еден Албанец не се приклучил на екстремистички групи во Сирија или Ирак во изминатите четири или пет години.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести