Европската комисија предложи нови мерки кои што сите земји членки би требало да ги применуваат како би се хармонизирале ограничувањата на патувањата по Европската Унија воведени заради сузбивање на пандемијата со Корона вирусот.
Мерките подразбираат заеднички критериуми кога се одлучува за ограничување на патувањата, единствено мапирање на зони, заедничка рамка за мерки кои се применуваат на патници од високоризичните подрачја, како и јасни и навремени информации за сите ограничувања.
„Предлагаме заеднички пристапкон сите мерки што го ограничуваат слободното движење низ државите членки.Ваквите мерки ќе обезбедат поголема стабилност, предвидливост и јасност за европјаните“, порача Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен.
Заради пандемијата со Корона вирусот голем број национални влади на земјите членки воведоа ограничувања на сопствената територија, а заради недоволната координација, хармонизација и честите промени, граѓаните на Европа, вклучувајќи ги работниците и студентите, често се збунети, неинформирани, па и уплашени за да патуваат.
