11.8 C
Skopje
сабота, април 20, 2024

Се уште НЕ СЕ ЗНАЕ КОЛКУ ТРАЕ ИМУНИТЕТОТ од коронавирусот

Научници од 17 истражувачки центри од Велика Британија истражуваат колку време трае имунитетот по заразување со новиот коронавирус и зошто има пациенти со тешка клиничка слика.

Вирологот и имунолог од Универзитетот во Лондон Мала Маини, која е одговорна за тим истражувачи, изјави дека одговорот на нашиот имунолошки систем на вирусот одредува како ќе реагираме кога ќе се заразиме со к-вид-19.

-Од тоа зависи колку тешко ќе се разболиме кога ќе добиеме акутна инфекција, колку долго ќе бидеме заштитени по заразата и како ќе реагираме на вакцина, истакна Маини.

Таа додава дека имунолошкиот систем е клучен одговор на вирусот.

Благите и умерени случаи на ковид-19, Маини ги оценува како „пример по книга“ за одговор на имунолошкиот систем и оценува дека се чини дека сите клучни делови на сложениот имунолошки систем работеле во хармонија.

Но, конзорциум на експерти се надева дека ќе ја открие улогата на имунолошкиот систем во тешките случаи на зараза.

Научниците исто така бараат одговор колку долго трае имунитетот по прележана зараза.

Во Хонгконг е забележан прв случај на пациент што е повторно заразен со новиот коронавирус. Професорот Пол Мос, истражувач од Универзитетот во Бирмингем и член на тимот, вели дека тоа е прв случај меѓу милион и потребно е да бидеме свесни за обемот.

Мос укажува дека човекот од Хонгконг немал симптоми при втората инфекција, што покажува дека стекнатиот имунитет може да биде ефикасен во спречување на болеста.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести