5.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

На денешен ден во 1972: Брутален масакр и можеби најцрн ден во историјата на спортот!

Минхенскиот масакар се случил на 5 септември 1972 во Минхен, за време на одржувањето на 20. Летни олимписки игри. Група од 8 Палестинци поврзани со терористичкото движење Црниот септември влегла во Олимпиското село, при што киднапирале 11 израелски спортисти.

Во текот на 18-часовната заложничка драма, во неуспешниот обид на германската полиција да ги ослободи заложниците, биле убиени сите заложници и петмина од грабнувачите. Од останатите грабнувачи, уште двајца биле убиени подоцна, веројатно од Мосад, а единствениот преживеан се верува дека е Џамал Ал-Гашеи кој и денес живее скриен на непозната локација.

И покрај огромниот шок во целиот свет, Меѓународниот Олимписки комитет донесува одлука дека игрите мора да продолжат. Израелската делегација по масакрот ги напушти Олимписките игри, а во знак на солидарност истото го сторија и уште неколку делегации и други олимпијци.

Во знак на одмазда, на 10 септември Израел ги нападна Либан и Сирија, предизвикувајќи голем број жртви меѓу цивилите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести