5.8 C
Skopje
петок, март 29, 2024

ЖЕНИТЕ СЕ ПОДОБРИ ЛИДЕРИ ОД МАЖИТЕ за време на пандемијата

Оваа теза се потврдува со тековните истражувања кои ги земаат во предвид неколку клучни фактори.

Кога зборуваме за првиот бран на Ковид-19, научниците докажаа дека жените, кои се на чело на државите, подобро управуваат со кризата отколку мажите.

Поточно, тие земји забележуваат пониско ниво на смртност, што не мора да биде тренд во иднина, забележува истражувањето, а пренесува Блумберг.

Истражувачите забележале дека Финска се справила подобро од Австрија, Исланд и Норвешка значително подобро од Ирска, Германија подобро од Холандија и Нов Зеланд води пред Велика Британија.

Истражувањето исто така се дистанцира од тврдењето дека жените се генерално подобри лидери, но се фокусира само на управување со пандемијата од Ковид-19. Доналд Трамп, на пример, е претседател на земја што бележи рекорден број смртни случаи од коронавирусот.

Тука се споменува и претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој коронавирусот го нарече „мал грип“. Ангела Меркел (Германија), Јасинда Ардерн (Нов Зеланд), Ерна Солберг (Норвешка), од друга страна, ја сфатија ситуацијата посериозно.

Користејќи податоци до 19 мај, научниците споредиле 19 земји управувани од жени, со земји слични на нив во однос на факторите како што се населението, економијата, родовата еднаквост, отвореноста за патувања, здравјето, пензионерите.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести