Connect with us

Hi, what are you looking for?

Балкан

Во Грција работниците кои биле во задолжителен карантин, ЌЕ ГИ ВРАЌААТ РАБОТНИТЕ ЧАСОВИ

Вработените кои морале да бидат во карантин поради коронавирусот и не се во можност да работат од дома ќе треба да работат и до дополнителни три часа на ден по враќањето на работа за да го надополнат изгубеното време, според одредбата на Грција што треба да се најде во новото законско решение.

Според порталот Екатимерини, вработените кои се во карантин седум или 14 дена, како што налага Националната организација за јавно здравје, нормално ќе земаат плата, а работодавачот ќе ги покрие и придонесите за социјално осигурување.

Сепак, на крајот на присилното отсуство од работа, вработените ќе мора да ја надоместат загубата на работното време работејќи дополнителни три часа на ден.

Дополнителната работа нема да биде наградена како прекувремена работа, но мора да се почитуваат релевантните одредби од законот за работни односи со кои се ограничува работното време.

Според Министерството за труд, новото правило е дел од пакетот итни мерки за пазарот на трудот, кој е загрозен од коронавирусот.

Друга одредба од нацрт-законот се однесува на отсуство на вработени родители кои ќе се заразат со коронавирусот.

Трошоците за отсуството ќе бидат кофинансирани од работодавачот и државата. Ќе биде потребено лекарско уверение за да се утврди колку долго треба да трае тоа отсуство.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...