19.8 C
Skopje
вторник, април 16, 2024

ПОСТИГНАТ Е ДОГОВОР: Вучиќ и Хоти во 11 часот со Трамп, ПОТВРДИ и Белата куќа

Конечно стигна потврда и од Белата куќа дека денеска по локално американско време во 11 часот, Претседателот на САД, Доналд Трамп, ќе оствари средба со Претседателот на Србија и Премиерот на Косово. Ова ќе биде прв трилатерален состанок на американски претседател со претставници на Србија и Косово.

Доцна синоќа во соопштение Белата куќа ги потврди наводите дека ќе се оддржи средба со лично посредство на Трамп во овалната соба, а веднаш потоа и церемонија на потпишување на документ од страна на српската и косовската страна. И покрај многуте шпекулации, останува да видиме дали е на повидок најдено решение за косовскиот проблем и што точно соддржи тој документ.

Исто така, Стејт департментот потврди дека во текот на денот, одделни средбни со Вучиќ и Хоти ќе оддржи и американскиот државен секретар Мајк Помпео.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести