Запрашан за тоа дали неговото дете ќе го пушти во училиште, министерот за здравство Венко Филипче изјави дека засега тоа ќе следи онлајн настава.
Сите ние го посакуваме најдоброто за нашите деца. Заштитата на здравјето е приоритет. Моето дете е 9-то одделение, но јас ги почитувам сите препораки. Тогаш кога ќе има услови за физичко присуство, тоа ќе оди во училиште, рече Филипче.
