9.8 C
Skopje
среда, април 17, 2024

Јелена Карлеуша објави слики како ужива во луксузниот дом покрај базенот (ФОТО)

Јелена Карлеуша на својот Инстаграм најчесто објавува или свои или фотографии и снимки од егзотичните дестинации на кои патува и престојува со своето семејство, а најчесто со нејзините ќерки.

Сепак, овој пат русокосата реши да покаже  нешто поразлично. Нешто што до сега јавноста не го видела или барем многу малку го знае. Нејзиното семејно гнездо, нејзиниот луксузен дом, куќата и дворот со базен.

Пејачката на својата Инстаграм приказна се пофали дека ужива во последните летни денови крај  својот домашен базен и покажа како изгледа нејзиниот двор и вилата во која живее.

Секако, сето тоа не заборави да го зачини со провокативни кадри од себе и својата расна телесна дарба, силниот сексапил и впечатливата голотија со која српската поп-фолк дива постојано се „расфрла“ на социјалните мрежи.

Дали заради хранење на сопствената суета и его, полнење на очите на нејзините обожаватели, маркетиншко – инфлуенсерските обврски или сето тоа заедно, сеедно.

„Малку искри во твојот живот“ – како што самата вели, никогаш не се на одмет.

Карлеуша можебуи не може секој да ја слуша, ама затоа нема кој не сака да ја гледа! 

Особено во издание кое не сте го виделе баш секој ден, а некои не можат да го имаат ниту на сон, каква што е луксузната вила –  нејзниниот раскошен дом!

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести