Во албанското приморско гратче Ксамил непознати лица го запалиле грчкото знаме.
Во видео објавено на социјалните мрежи се гледаат три вооружени и маскирани лица, облечени во војничка униформа, како го палат грчкото, а го развејуваат албанското знаме.
На објавата уште пишува „Порака за Грците од југот на Албанија. Морето е наше“ (Ксамил).
Вандалскиот чин се случува во време на дебата околу морската граница меѓу двете земји, по најавата дека Грција се проширува во Јонско Море за 12 милји.
Полицијата почнала истрага за настанот.