14.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Мило Ѓукановиќ ПРИЗНА ПОРАЗ – Најавата е дека опозициските партии ќе прават влада

Црногорскиот претседател и лидер на ДПС, Мило Ѓукановиќ, го призна поразот на изборите во неделата. Имено, Ѓукановиќ рече дека, кога станува збор за конституирање на нова влада, а тој ќе ги почитува демократските правила на модерната демократска цивилизација и додаде дека владата ќе ја формира оној што има 41 место во црногорскиот парламент.

На прашањето дали партиите што ќе имаат 41 место во парламентот се три опозициски партии, тој рече:

– Ќе видиме. Засега имаме таква најава. Нивните програми доста различни. – рече тој во интервју за „Њузмакс Адрија“.

Претседателот на Црна Гора изјави дека во понеделникот вечерта на улиците низ црногорските градови се забележани изливи на нетолеранција, агресија и примитивизам:

– Инцидентите не изненадија никого, славењето уште помалку. Секогаш има причини победникот да прослави, но тоа славење секогаш подразбира цивилизиран однос кон другите граѓани и кон зачувување на стабилноста на Црна Гора. Синоќа видовме излив на нетолеранција, агресија и примитивизам. Обиди да се соочиме со луѓе кои размислуваат поинаку – рече Ѓукановиќ

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести