9.8 C
Skopje
недела, април 21, 2024

КОГА ИМАШ МЕД, НЕ ЈА СТАВАЈ РАКАТА ВО МАРМАЛАД: Селото во кое секоја втора куќа се занимава со пчеларство…

Село Каменово во Србија, село на мед, единствено во Европа, а можеби и во светот. Овде се живее од жетва до жетва, без трактори и комбајни. Без нервозни мајстори кога машините ќе им запрат, а тие исплатуваат дневница до несвест.

Кој му го дал името Каменово, кога нема камен?! Само цветови и само мед. И песна од пчели. Голема сцена: матица, работнички и трутови. Неизоставни. Како и во животот на луѓето. Некогаш и сега.

Попат, главна улица, на десетина тегли до капак наполнети со мед. Ливадски, Багремов, од Липа… Восок. Мелеми… Мелеми за се. За внатрешни и надворешни рани. И восочни свеќи, за мир во душите и оние кои патуваат.

– Оваа година не ни одеше од рака. Зуи во главата и на пчелите и на човекот – вели – Мирослав Љубомировиќ.

– Кога пчелите тргнаа на паша, ги спречи дождот и студот. Одвај успеава да соберат храна за себе.

Љубомировиќ со приказната која ги надминува сите овавемиња, во кои традицијата, љубовта спрема пчеларството, пораки и пораки на генерации се се она кој овој човек ги наследил.

Мојата мајка Цвета, 1946 година се омажила за мојот татко Добривое, а во мираз донела кошница со пчели. Љубовта ги донела пчелите, а со љубов и до денешен ден ги негуваме. Пчелите не сакаат секого. Тие бараат љубов и добри луѓе… Не сакаат брборење, ни врева.

– А брборење?

– Тоа не сакаат ни да слушнат. Помор ќе настапи ако и тоа го слушаат… ја завршува приказната за пчелите Љубомировиќ.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести