Со 62 гласа ЗА, 51 против, и без воздржани, Собранието го изгласа новиот владин состав предложен од мандатарот Зоран Заев. Вчера и денеска пратениците во парламентот расправаа за составот и за владината програма.
,,Сега и сите соседи ни се пријатели и очекуваме граѓаните да имаат полза од тоа пријателство. Најавувам целосна посветеност на економијата , рече Заев , кој се обврза на јакнење на економскиот стандард на граѓаните и привлекување странски инвестиции. Претстои стабилен политички период и затоа секој ќе ја добие поддршката што му е потребна преку сите минситерства , сектори и ресори во владата. Заев ги повика младите да не ја напуштаат земјата за да изградиме заеднички земја со која ќе се гордееме. Тој најави брза поддршка и помош на најсиромашните. Побогатите повеќе ќе мора да плаќаат во државата , рече новиот премиер.
,,Правниот систем е најсериозната обврска преку прочистување на судството и одговроноста преку делење правда за да се изгради европски правен систем.
Заев до опозицијата испрати покана дека е крајно време за соработка за прашањата од интерес на владата и граѓаните.