5.8 C
Skopje
сабота, март 2, 2024

За прв пат по 25 години: ИЗБОРИТЕ ВО ЦРНА ГОРА ОДАТ КОН ПОРАЗ НА МИЛО ЃУКАНОВИЌ

Утре во Црна Гора се одржуваат парламентарни избори, а во изборната трка влегуваат шест коалиции и пет политички партии.

Ова се 11-ти избори од воведувањето на повеќепартискиот систем во Црна Гора, и петти по стекнувањето независност. Покрај парламентарните избори, локални избори ќе се одржат и во Котор, Будва, Тиват, Андријевицe и Гусиње.

Изборниот молк започна на полноќ, a 541.232 граѓани имаат право на глас во. Во однос на претседателските избори, одржани на 15 април 2018 година, бројот на избирачите се зголемил за околу 8.600.

За првпат во кампањата е активна Српската православна црква (СПЦ), која власта ја гледа како главен противник. Изборите се одржуваат во амбиент на стари поделби и зголемени тензии поради усвојувањето на Законот за слобода на вероисповед, но и корона-кризата и неуспешната туристичка сезона.

Владејачката Демократска партија на социјалистите, на претседателот Мило Ѓукановиќ, се претставува како заштитник на државата.Изборите би можеле да бидат понеизвесни од претходните, проценуваат аналитичарите, врз основа на анкети на јавното мислење, а разликата би можеле да ја направат помалите граѓански партии.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести