8.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

ИЗБОРИ ВО ЦРНА ГОРА: Последна победа пред трајна пензија за Ѓукановиќ во пресрет на тридецениското владеење?

На полноќ започнува изборниот молк во Црна Гора. Изборите беа распишани на крајот на јуни, но политичката кампања започна многу пред тоа. Речиси сите учесници на единаесеттите избори за црногорскиот парламент ја сметаат трката како пресвртница во поновата црногорска историја. Дали ќе се случи тоа во недела и кој славејќи ќе ја пречека зората во понеделник?Дали Мило Ѓукановиќ ќе го забележи својот прв пораз на избори, или следната година со уште една победа ќе слави три децении владеење со Црна Гора? Од комунистички младинец, лидер на социјалистичка Црна Гора, Премиер во четири до два мандати Претседател на државата.

„Мило Ѓукановиќ толку пати го премина тој Рубикон и таа можност да падне од власт што би било вистинско изненадување тој да падне овој пат, но никогаш не е поблиску“, вели новинарот Иван Јовановиќ.

Се верува дека тој беше блиску и во 2008 – Владата на Црна Гора едногласно донесе одлука за признавање на Косово, по подоцнежното признание на премиерот – свесен дека речиси 90 проценти од Црногорците беа против тоа.

Девет години подоцна, по истиот принцип, станаа членка на НАТО. Се чинеше дека тогаш опозицијата може да профитира. Но, безуспешно.

На 28 декември 2019 година беше донесен Закон за слобода на религија. Мило Ѓукановиќ беше на пат за да ја прослави новогодишната ноќ во Мајами. Не ни очекуваше дека таа одлука ќе извади илјадници луѓе на улиците, и така натаму со месеци.

„Видовме како беше искористен Законот за слобода на религијата, за да се покрене таква хајка против Црна Гора“, рече Мило Ѓукановиќ.

Милош Бешиќ од Факултетот за политички науки смета дека Законот не би бил изгласан доколку надлежните знаеја какви последици ќе предизвика.

Тоа го искористи опозицијата. Прва на линијата е коалицијата на Андрија Мандиќ, Небојша Медојевиќ и Милан Кнежевиќ.

Предводникот на листата, Здравко Кривокапиќ, порача дека ова е моментот, сега или никогаш, да се биде или не.

„Фантастична е проценката на Мандиќ, Медојевиќ и Милан Кнежевиќ, како некои фронтмени на досегашната опозиција, да го стават професорот Кривокапиќ во прв план. Тој е сè тоа што го бараше гласачкото тело, тој го хомогенизираше тој електорат и привлече некои луѓе. Тој е човек  без дамка во кариерата, има пет деца, што е важно во Црна Гора“, посочува Иван Јовановиќ.

Уште едно изненадување на изборите во недела може да биде докторот на политички науки, Дритан Абазовиќ, кој има албанско потекло и е лидер на Граѓанско демократско движење, УРА.

„Треба да се знае дека Ѓукановиќ многу често знаеше каде е најлабилниот држач на таа опозиција, да најде слаба алка и да успее некои од тие пратеници да ги пренесе на негова страна. Затоа луѓето од УРА мора да бидат внимателни, затоа што програмски УРА и ДФ се два различни пола, нив ги обединува само желбата да го соборат Мило Ѓукановиќ “, додава Јовановиќ.

Милош Бешиќ наведува дека верското чувство и националното чувство се преклопуваат со политичките чувства – да се биде против ДПС.

„Кога ќе ги преминете сите тие работи, имате еден вид силен емотивен набој од една страна, мислам пред сè на коалицијата околу ДФ, но и на сите просрпски ориентирани структури“, објаснува Бешиќ.

Кој ќе биде тас на вагата

Истражувањата покажуваат дека судбината на владата може да ја одлучат малите партии.

„Традиционалниот електорат на про-српските партии во Црна Гора се искачува до околу 40 проценти. Тогаш ќе видиме дали УРА може да достигне 10 проценти, но тоа е нереално, ако судиме според некои истражувања, така да веројатно тас на вагата ќе биде Социјалдемократската партија, која повторно јавно рече дека е подготвена да разговара за коалиција со ДПС“, рече Златко Вујовиќ од Центарот за истражување и мониторинг во Подгорица.

Политичката математика во Црна Гора исто така вели дека Мило Ѓукановиќ има уште три години од мандатот како шеф на државата. Постизборните комбинаторики може да зависат и од разговорите со него.

Бешиќ смета дека кризата нема да се реши без оглед на исходот од изборите.

„Едноставно не постои начин да ги надминете овие проблеми што постојат во социјалното и политичкото битие на Црна Гора, ниту едни избори тоа него решија, нема ниту овие “, истакнува Бешиќ.

Иван Јовановиќ наведува дека воздухот во Подгорица ќе биде „многу густ“.

„Не сум сигурен дека ниту една страна едноставно нема да признае пораз затоа што големи се влоговите во сето ова и мислам дека и опозицијата, која 30 години се обидува да дојде на власт, никогаш не е поблиску. Ако го промаши пеналот во 90-та минута, ќе бара неговото повторување, а Мило Ѓукановиќ не сум сигурен дека после 30 години ќе рече – да, победивте, збогум“, забележува тој

Додека некои ја чекаат недела, други се плашат од денот потоа, некои гледаат и подалеку од тоа.

Официјален Белград го чека пописот следната година. Пред една деценија, околу 178.000 луѓе во Црна Гора се изјаснија како Срби – што е 28,73 проценти од граѓаните.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести