5.8 C
Skopje
четврток, април 18, 2024

Џафери ја закажа седницата за избор на Влада за во сабота

Собранискиот спикер Талат Џафери за во сабота ја закажа седницата за избор на Влада откако утринава мандарот и лидер на СДСМ Зоран Заев во парламентот го поднесе предлогот за владин кабиент и владина програма за наредните 4 години. Според Деловникот оваа седница може да трае најмногу два дена.

Предлогот за состав на Владата и програмата, претседателот на Собранието ги доставува на пратениците веднаш. Мандаторот ја образложува програмата и предлогот за состав на Владата на седницата на Собранието на која се врши избор на Владата.  По програмата на мандаторот и предлогот за состав на Владата, Собранието води единствен претрес. Претресот трае најмногу два дена… Гласањето за избор на Владата се врши по предлогот за состав на Владата во целина, со јавно гласање. Гласањето се врши по завршување на претресот, а најдоцна во 24,оо часот , пишува во собранискиот Деловник.

Редоследот на пратениците кои ќе учествуваат во претресот треба да го утврди Џафери, но тој според Деловникот, мора да води сметка да обезбедува учество во претресот на пратеници од различни политички партии застапени во Собранието. 

Владата е избрана ако за неа гласало мнозинството од вкупниот број пратеници. Коалициијата на СДСМ заедно со ДУИ во овој момент располагаат со 62 пратеника. Веднаш по изборот на Заев, Џафери треба да го известува претседателот Пендаровски за изгласаната Влада.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести