4.8 C
Skopje
петок, април 19, 2024

ОСТАНУВА ЗАБРАНАТА ЗА СВАДБИ И ПРОСЛАВИ во угостителските објекти

Останува забраната за организирање свечености со музика односно свадби, матурски, кршевски и слично во угостителските објекти со цел да се спречи ширењето на Ковид -19.

Ваква одлука денеска донесе Владата, односно таа на седница го усвои мислењето на Комисијата за заразни болести да не се прифатат барањата за измени на Протоколот за работа на угостителските објекти.

Имено, пред неколку дена дел од медиумите соопштија дека од министерството за економија издале дозвола за организирање на вечери, што практично било и дозвола за организирање на свадби.

Истата вест беше веднаш демантирана од министерството со образложение дека угостителите можат да организираат вечери се додека се почитуваат протоколите поврзани со заштита од коронавирусот, додека никаде не е наведено дека е дозволено да се организираат свадби и крштевки и слични прослави.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести