Connect with us

Hi, what are you looking for?

Македонија

СКОПЈЕ ИМА 2.500 КУЧИЊА СКИТНИЦИ

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов, информира дека во градот се пребројани и забележани во регистар не повеќе од 2.500 кучиња скитници.

Оваа бројка, Шилегов ја соопшти истовремено со најавата дека во септември ќе проработи стационарот за улични кучиња „Лајка“.

Стационарот Лајка очекувам да биде отворен кон првата половина на септември. Двете оперативни сали за животни веќе се целосно опремени и тоа ќе биде предмет на анализа на Агенцијата за заштита на храна и ветерина. Кога ќе почне да работи, ќе почне во полн капацитет – изјави градоначалникот Шилегов.

Ваквата најава на Шилегов е ноговата последна во низата најави и лицитирање со термини кога ќе профумкционира долгонајавуваниот стационар.

Прашан за тоа колку е запознаен и задоволен со работата на директорката на јавното претпријатие „Лајка“, Шилегов рече дека капацитетот е при самиот крај и треба да се пушти, така што не може да зборува за реален квалитет или неквалитет во извршувањето на функцијата.

Секако работата на секој еден раководител, во било која градска институција е под опсервација и се санкционира. Веројатно сум и еден од ретките којшто разрешува луѓе или повикува на нивна одговорност – изјави Шилегов.

За тоа дали има субјективни слабости во односи во релација со здруженијата за заштита на животните, Шилегов вели дека ги следи реакциите и дека ќе поразговара на таа тема.

Она што го знам, ако тоа е предмет, е дека дел од намештајот којшто е во директорската канцеларија на ‘Лајка’ е приватен намештај на директорката, кој што го има донесено таму. Не е намештај за којшто се потрошени јавни пари – изјави Шилегов.

Во однос на реакциите од здруженијата за заштита на животни дека тие ги прават операциите, а стационарот иако не работи зема пари, Шилегов вели дека пред почетокот на пандемијата се издвоиле средства со цел да им се дадат на здруженија да ги вршат тие операции за коишто зборуваат.

Сите мора да бидеме вклучени инклузивно во тој процес за да го решиме проблемот со кучињата скитници – изјави Шилегов.

најчитани вести

Македонија

Медиа.мк дознава дека уапсените се браќа од Кичево кои важеле за страв и трепет во градот. Се работи за Ариф и Шпенд Алили кои...

Македонија

Денес на прес конференција Христијан Мицкоски соопшти дека Воислав Зафировски од политичката партија Интегра преминува во Вмро Дпмне, за почеток како член, но не...

Македонија

Седум непознати портали за пошироката јавност , со скромна посетеност и без соодветен импресум или новинари кои работат во нив, добиле солидна сума од...

Македонија

Бледиот и исплашен израз на Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски кажа повеќе отколку прочитаните редови на однапред приготвените потсетници за најава на „катарзата“...