16.8 C
Skopje
четврток, март 28, 2024

Се огласија од Народна банка во врска со барањето на Трифун Костовски – ЕВЕ ШТО МУ ПОРАЧАА

Во врска со текстот од г. Трифун Костовски, објавен денес од повеќе медиуми, од Народна банка известуваат:

Народната банка ја укина дозволата за основање и работење на „Еуростандард банка” АД Скопје на 12 август 2020 година, заради несолвентност на Банката, односно неисполнување минимални законски услови за работа на банка, при неостварување на преземената обврска од сопствениците за навремено обезбедување на неопходниот капитал за работа на Банката, од сопствени извори или од потенцијален инвеститор којшто ги исполнува законските услови и критериуми за акционер на банка.

Согласно со законската регулатива, со денот на донесувањето на Решението за укинување на дозволата за основање и работење на банка, банката престанува со работа и престануваат надлежностите на Народната банка.

Како што веќе имаме истакнато, при остварување на своите законски утврдени цели и задачи, Народната банка се води исклучиво од законите, притоа штитејќи го интересот на граѓаните.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести