1.8 C
Skopje
недела, ноември 29, 2026

Високи актуелни и бивши функционери побараа оставка од Мицкоски и Вонреден Конгрес!

Дел од звучните имиња кои се појавија на прес конференцијата се Марина Кавракова, претседател на Унија на жени на ГК Скопје на ВМРО-ДПМНЕ, екс-градоначалникот на Аеродром Ивица Конески, доскорешната пратеничка Весна Дамчевска Илиевска, актуелниот градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ во Илинден Жика Стојановски, екс градоначалникот на Бутел Петре Латиновски, екс градоначалникот на Дорјан Борче Стамов, Лука Кржаловски од Унијата на млади сили, поранешниот заменик министер Сашо Лазаревски, како и Филип Петровски, поранешен претседател на УМС и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.Според нашите информации голем дел од делегатите се вклучени во инцијативата за вонреден Конгрес.

Интегралниот текст од иницијатива:

Почитувани,

ВМРО -ДПМНЕ е победничка партија.

ВМРО -ДПМНЕ има и сила и знаење и капацитет да ја врати довербата на граѓаните, затоа што граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ е бастионот кој секогаш бил на браникот на државните интереси.

ВМРО -ДПМНЕ има кадри и потенцијал кој може да понуди алтернатива и да го запре економскиот пустош кој три години ја коси Македонија.

Старо-новата коалиција на Зоран Заев не е никаква гаранција дека граѓаните ќе живеат подобро. Напротив, оваа власт ниту може подобро, ниту знае подобро.

За жал, на оваа власт некој и овозможи таков луксуз да победи и да формира Влада.

Тука не мислиме на оние 327 000 наши сограѓани кои гласаа за Зоран Заев. Тие не се виновни. Не се виновни ниту оние стотици илјади кои останаа дома и одлучија да апстинираат.

Виновен е оној што можеше, требаше и мораше да понуди сериозни, препознатливи политики кои ќе ги сплотат и привлечат граѓаните.

Виновен е тој што не ги искористи капацитетите на партијата и форсираше поделби наместо да ги обедини силите.

Виновен е тој што не успеа да изгради и да заземе цврст став по ниту едно прашање.

Одговорност за неуспесите мора да има !

Кога еден тим губи, не може да биде одговорна публиката, играчите кои биле оставени на клупа или домарот кој се грижи за соблекувалните.

Одговорен е тој што го води тимот, а тимот на ВМРО -ДПМНЕ го водеше Христијан Мицкоски и неговите најблиски соработници.

ВМРО -ДПМНЕ со Мицковски како Претседател ги загуби Претседателските избори одржани во 2019 година, а ги загуби и локалните избори во Охрид и Ново Село. Ги загуби, а наместо одговорност бевме сведоци на апсурдни оправдувања, несериозност и неработење.

ВМРО -ДПМНЕ со Мицковски како Претседател и кандидат за Премиер на овие избори излезе со програма и кандидати за пратеници кои не успеаја да обезбедат поддршка од граѓаните. Кадрите на Мицковски и во техничката влада не успеаја да се наметнат како лица кои на граѓаните ќе им покажат нов и различен начин на водење на институциите и ќе одговорат на предизвиците со кои беа соочени.

Вината повторно може да се префрла, но вистината е една. Вистината е дека е најодговорен тој што го состави тимот, а тоа е Христијан Мицковски.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести