Повеќето земји во светот се согласија да учествуваат во глобална шема дизајнирана за дистрибуција на вакцините против коронавирусот по најниски можни цени, рече директорот на Светската здравствена организација.
Планот „КОВАКС“ значи дека две милијарди дози на вакцината ќе бидат дистрибуирани ширум светот до 2021 година, рече Тедрос Аданом Гебрејсус. Програмата има за цел да диструбцијата на вакцината да биде еднаква и по најниска можна цена.
Како што рече тој, досега, 172 земји, кои претставуваат 70% од светската популација, го потпишаа овој план. Тој додава дека меѓународната соработка е клучна за борба против коронавирусот.
– Вакцина национализмот му помага само на вирусот. КОВАКС не само што зависи од државите што аплицирале, туку ги пополнува и клучните недостатоци во финансирањето. На крајот на овој тунел има светло. Како што реков минатата недела, заедно можеме да успееме – рече тој.
Различни компании ширум планетата работат на вакцина против Ковид-19 од почетокот на епидемијата. Шест потенцијални веќе достигнаа третата фаза на тестирање, според податоците на СЗО.
Русија стана првата земја што ја регистрираше вакцината, но пред да заврши третата фаза. Повеќе од 3.500 лица биле тестирани и оваа вакцина не покажала сериозни негативни ефекти