2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Од следната недела нестабилно време со локални поројни врнежи

УХМР информира дека во почетокот на следната недела на повеќе места времето ќе биде нестабилно со повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат пообилни и поројни проследени со грмежи.

И во деновите потоа ќе се задржи променливо облачно време со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет.

Според прогнозата, утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен јужен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од југоисточен правец.

Утринските температури ќе се движат од 1 до 7 степени, а дневните од 7 до 17 степени.

Во Скопје ќе променливо облачно со сончеви периоди и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој краткотрајно ќе засилува. Температурата ќе достигне 15 степени.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести