Исто така, според пресудата, на Трамп му е забрането да работи во Њујорк во траење од три години, а на неговите синови Ерик и Доналд Џуниор им е забрането да работат во Њујорк во рок од две години, објави Њујорк Пост.
За потсетување дека Трамп и неговите двајца возрасни синови и Организацијата Трамп се обвинети за надувување на вредноста на имотот – кој исто така вклучува имоти како кулата Трамп и разни одморалишта за голф – до износ од 2 милијарди долари за да можат да добијат поповолни каматните стапки за заеми.
Судијата сега одлучи дека Трамп и неговата организација треба да платат 354.868.768 долари. Синовите на Трамп ќе треба да платат по 4 милиони долари.
Да потсетиме, граѓанскиот процес за овој случај заврши пред околу еден месец, но конечната одлука беше донесена денеска.
Судијата веќе откри дека Трамп, неговите двајца возрасни синови и директорите на Организацијата Трамп со измама ги „надувале“ финансиските извештаи дадени на банки и осигурителни компании за да добијат подобри зделки и заеми.
Поранешниот претседател, неговите двајца возрасни синови – Доналд Џуниор и Ерик – и пошироката организација Трамп се обвинети дека масовно ја зголемиле вредноста на нивните средства за повеќе од две милијарди долари, со цел да добијат поповолни заеми.
Судијата во случајот Артур Енгорон веќе во септември пресуди дека Трамп извршил деловна измама и постојано погрешно го прикажувал своето богатство во износ од милиони долари.
Трамп го лажирал богатството на финансиските извештаи кои потоа биле доставени до заемодавачите како што се банките и осигурителите за да затворат зделки и да обезбедат заеми. Неговиот имот Мар-а-Лаго на Флорида е преценет за 2.300% во еден финансиски извештај, а кулата Трамп во Њујорк била претставена како трипати повредна.
