Како што наведе, Путин пристигнал на работа пред снегот да почне континуирано да паѓа и „пред да започне целосниот колапс“.
Песков рече дека „патувањето на Путин до работа не беше толку тешко како што беше за другите московјани утринава“.
„Зима доаѓа секоја година, а снег паѓа секоја година. Значи, ништо необично не се случи“, рече Песков.
Тој не прецизира во кое време Путин пристигнал во Кремљ, ниту која рута ја користел, бидејќи се работело за многу доверливи информации.
