„Ги исполнивме сите ветувања што ѝ ги дадовме на Европската унија, но тие речиси и да ги нема“, рече Ердоган на инаугуративната седница на турскиот парламент, додавајќи дека нема да толерира нови барања или услови во процесот на пристапување.
„Доколку не отстапат во врска со некои неправди како што е воведувањето визи, кои ги користат како латентни санкции, ако не си ги поправат грешките… Од наша страна целосно ќе го изгубат правото на изразување политички, општествени, економски и воени очекувања“, предупреди тој. „Ако Европската унија има намера да го прекине пристапниот процес кој постои само на хартија, тоа ќе биде нивна одлука“, додаде тој.
Турскиот претседател е лут, меѓу другото, и поради новата пресуда на Европскиот суд за човекови права оваа недела против Турција. Судот му замери дека осудил човек за припадност на терористичка организација само врз основа на неговата употреба на апликацијата ByLock за испраќање шифрирани пораки.
Анкара смета дека ByLock е алатка за комуникација за водачите на неуспешниот пуч во 2016 година, во кој загинаа 250 луѓе и беше проследен со масовни апсења и чистки без преседан во модерната историја на Турција. Турската влада му го припиша државниот удар на проповедникот на Фето, Фетула Ѓулен, кој некогаш беше сојузник на Ердоган.
„Одлуката на Европскиот суд за човекови права е последната капка“, рече Ердоган. „Членовите на терористичката организација и нивните поддржувачи кои се охрабрени од оваа одлука не треба залудно да се надеваат. Оваа одлука нема да донесе никакво олеснување за криминалните членови на Фето. Турција нема да се откаже од борбата против таа банда предавници. Нема да дозволи никакво враќање во минатото“, нагласи тој.
