Поранешниот американски претседател Доналд Трамп го смени својот главен адвокат кој го застапува во државата Џорџија во пресрет на вечерашното предавање на надлежните органи, тврди упатен извор за Си-Ен-Ен.
Дру Финдлинг, адвокатот кој ја водеше одбраната на Трамп во Џорџија, беше заменет со Стивен Сад, адвокат од Атланта опишан на веб-страницата како „специјален советник за бели јаки и одбрана на висок профил“.
Извор од кругот на Трамп укажа дека Финдлинг не е сменет поради лошо застапување, а лице запознаено со работата на Саду тврди дека тој е „најдобриот адвокат во Џорџија“. Адвокатката на Трамп во Џорџија, Џенифер Литл, се очекува да остане во правниот тим и да работи со Саду.
