2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

Приведен крадец во Гостивар, одземеното вратено на сопственикот

На 23.08.2023 околу 20.10 часот во Гостивар, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 26-годишниот гостиварец Ј.И.. Тој се сомничи дека претходно извршил кражба, при што одзел електричен тротинет, сопственост на 27-годишниот Џ.А., исто така, од Гостивар. Тротинетот бил пронајден и вратен на сопственикот, а Ј.И. бил задржан во Полициската станица Гостивар. По целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести