БиХ нема да има визна либерализација со т.н Косово, изјави денеска претседателот на Република Српска Милорад Додик.
Додик истакна дека вчера во Србија слушнал цинична жалба дека сите Албанци ќе го напуштат Косово штом стапи во сила визната либерализација.
„Тоа е лицемерието на Западот, кој се обидува да нормализира нешто преку преговори со Белград, а потоа еднострано да донесе такви мерки“, рече Додик, пренесе РТРС. Европскиот парламент вчера одобри визна либерализација за граѓаните од т.н на Косово.
