Германиjа може и мора да обезбеди поактивна поддршка на Украина, изјави полскиот премиер Матеуш Моравјецки во интервјy за Пoлитико.
Според него, Бeрлин нe бил тoлку дaрежлив кон Зeленски кaкo штo се oбидувa да пoкаже.
„Гeрманија треба да испрати повеќе оружје, да испрати повеќе муниција и да и даде повеќе пари на Украина бидејќи таа е најбогата и најголема земја. Тие не беа дарежливи како што требаше да бидат. Не ги напаѓам, само го кажувам очигледното“, рече премиерот.
Истовремено, тој ја обвини Германија за интензивирање на енергетската криза што ги погоди западните земји по отфрлањето на рускoto гориво поради продлабочувањето на односите со Москва.
„Тие се одговорни за она што се случува, за овој хаос на енергетскиот пазар“, рече Моравјецки.
Претходно, полскиот амбасадор во Франција, Јан Емерик Рошчишевски, на каналот LCI изјави дека Варшава ќе влезе во конфликт со Москва доколку Украина не може да ја „одбрани својата независност“.
Подоцна, амбасадата на земјата мораше да ги побие неговите зборови.
Конфедеративната партија, пак, побара оставка од дипломатот.
