6.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

Предложен куќен притвор за задоволување полови страсти пред друг

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје до судија на претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје поднесе Предлог за определување мерка куќен притвор против едно лице за кое постои основано сомнение дека сторило неколку кривични дела – Задоволување на полови страсти пред друг од член 190 став 1 од Кривичниот законик.

Имено, во пет наврати осомничениот 30-годишник на различни локации во Скопје, во автобуси и влезови од згради, се самозадоволувал пред девојки со што го сторил наведеното кривично дело.

Предлогот за куќен притвор е поднесен бидејќи постои основано сомнение дека осомничениот сторил кривично дело против морал кое постои опасност да го повтори.​

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести