7.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Кина е длабоко загрижена дека конфликтот во Украина може да излезе од контрола

Кина е „длабоко загрижена“ дека конфликтот во Украина може да излезе од контрола, изјави денеска кинескиот министер за надворешни работи Чин Ганг.

Тој повика одредени земји веднаш да престанат да „го разгоруваат огнот“, алудирајќи на Соединетите Американски Држави, пренесува Ројтерс.

Во говорот на форумот во кинеското Министерство за надворешни работи, Чин рече и дека тие земји треба да престанат да кажуваат „денес Украина, утре Тајван“.

„Силно се спротивставуваме на секоја форма на хегемонија, странско мешање во работите на Кина“, рече кинескиот министер за надворешни работи.

Коментарите на Чин доаѓаат по веста од руските агенции дека водечкиот кинески дипломат Ванг Ји е во посета на Москва, а пред „мировниот говор“ на кинескиот претседател Си Џинпинг што се очекува во петок, на годишнината од почетокот на војната во Украина.

Во меѓувреме, Кина објави документ за Глобална безбедносна иницијатива (GSI), кој се потпира на концептот на „неделлива безбедност“.

Во документот што го објави агенцијата Ксинхуа, се нагласува дека ширењето на мирот и безбедноста во светот мора да биде стремеж на сите земји, пренесува Тасс.

Шефот на кинеската дипломатија додаде дека Кина ќе продолжи да помага во одржувањето на мировните преговори за Украина, пренесе Тасс.

„Ќе продолжиме да работиме со меѓународната заедница за да промовираме дијалог и консултации, да одговориме на грижите на сите страни и да постигнеме универзална безбедност“, заклучи Чин.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести