Северна Кореја лансираше проектил кој падна во морето кај западниот брег на Јапонија пред претстојните воени вежби меѓу Јапонија и САД.
„Ненајавеното лансирање е доказ за подготвеноста да се развие нуклеарно контра-оружје и да се одговори на напаѓачките сили“, објави КЦНА.
„Тоа е и гаранција и јасен доказ за нашата сила да спречиме нуклеарен напад.“
Ракетата прелетала 989 километри на височина од 5.768 километри и ѝ биле потребни 66 минути и 55 секунди за да стигне до својата дестинација, објави КЦНА.
Ким Јо-јонг, сестрата на севернокорејскиот диктатор Ким Џонг-ун, издаде посебна изјава во која предупредува дека Северна Кореја ќе одговори „силно и значајно“ на секој непријателски чин.
