Столтенберг разговараше со новинарите по пристигнувањето во Минхен за да присуствува на годишната безбедносна конференција во главниот град на Баварија.
„Внимателно ги следиме сè поблиските врски меѓу Кина и Русија“, истакна генералниот секретар на НАТО.
Тој додаде дека двете земји „дејствуваат повеќе заедно, спроведуваат заеднички вежби, поморски и воздушни патроли“. /МИА
