4.8 C
Skopje
вторник, ноември 24, 2026

ОД МУЛТИМИЛИОНЕР ДО БЕЗДОМНИК – ЧАРЛИ ШИН ДО ГУША ВО ДОЛГОВИ

Поминаа повеќе од 30 години откако Чарли Шин ја освои публиката со филмот „Major League / Прва лига“, а тој филм беше причина тој повторно да се сретне со неговиот колега Боб Укер на настан во Калифорнија пред неколку дена.

Двајцата коментираа за бејзболот и нивната глума, а фотографите го снимаа секој момент. Многумина се согласија дека Шин изгледа измачено и уморно, далеку од она по што е запаметен, но се согласуваат дека славниот актер сепак е подобро расположен отколку што беше во последните месеци.

Чарли Шин денес е познат како еден од најконтроверзните актери.

И покрај тоа што беше најплатен ТВ-актер во 2014 година, Шин јавно призна дека потрошил богатство од 150 милиони долари и скоро завршил на улица како бездомник додека се борел со бројни долгови.

Неговата најзабележителна улога во кариерата е секако улогата на Чарли Харпер во серијата „Two and a Half Man / Два и пол мажи“, со која заработуваше 1,8 милиони долари за само една епизода.

Покрај тоа, тој заработи дополнителни пари снимајќи реклами, филмови, работејќи на неколку телевизиски проекти.

Благодарение на тоа, 150 милиони долари беа на неговата банкарска сметка, а во витрините имаше и неколку престижни награди како Златен глобус и Еми.

На самиот врв на неговата кариера сè отиде надолу. Почна да се однесува несоодветно и не помина многу време и тие почнаа да го поврзуваат со наркоманија и зависност од алкохол. На сето тоа влијаеше неговото признание дека боледува од ХИВ вирусот. Почна да ја губи работата и беше исфрлен од серијата во која го толкуваше главниот лик.

Шин застана трипати пред олтарот и беше во врска со многу славни дами. Актерот во последниве години честопати велеше дека е свесен за сите свои грешки, а работи на врската со сите свои деца и се надева дека еден ден ќе имаат сила да му простат.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести