Медиа.мк дознава од свои извори дека затвореник бил чуван повеќе од 5 дена со висока температура и симптоми на Корона вирус, дури денес во влошена здравствена состојба бил пренесен во болница, по што е утврдено дека е позитивен на вирусот.
Дознаваме дека затвореникот бил чуван изолиран во самица во изминатите денови, чуварите од страв не го проверувале редовно и не му доставувале редовно храна. Во моментов владее паника кај чуварите и останатите затвореници.
Медиа.мк стапи во контакт со вработени во затворот кои потврдуваат дека едно лице е пренесено во болница.
