8.8 C
Skopje
петок, ноември 27, 2026

Рама упати недолични обвинувања кон поранешната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте

Во својот говор, албанскиот премиер Еди Рама упати недолични обвинувања кон поранешната обвинителка на Хашкиот трибунал, Карла дел Понте, за злосторствата извршени од припадници на ОВК и ги нарече лажни вести. Во истиот стил, Рама во Стразбур ја критикуваше резолуцијата на СЕ од 2011 година за нелегална трговија со органи на луѓе киднапирани на Косово.

Откако албанскиот претседател Еди Рама го имаше своето завчерашно обраќање во Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) во Стразбур, мнозинството пратеници го нарекоа шокантно. Но овој пат не се остана само на вербална реакција, туку Претседателството на ПССЕ ја откажа работната вечера со Рама, поради, како што велат оттаму, „дрскоста и навредите кон многумина“.

За ваквата одлука, Претседателството на ПССЕ попладнето ги известило и шефовите на пратеничките групи дека ја откажува вечерата со Рама.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести