Рускиот претседател Владимир Путин наводно подготвува клучни одлуки за можен нуклеарен напад во бункер далеку од Москва, јавуваат западните медиуми.
Според медиумите, Путин, кој во петок ќе го прослави својот 70-ти роденден, ги предупредил членовите на семејството, вклучително и неговата наводна партнерка Алина Кабаева (40), дека постои можност за брза евакуација.
„Дејли мејл“ пишува, повикувајќи се на изјавите на Телеграм каналот „Генерал СВР“, дека Путин верува дека е безбеден во бункерот од можни напади на западните земји, а главните менаџери на неговиот кабинет и безбедносниот апарат ќе бидат префрлени на тајна локација.
Овој канал тврди дека кружат информации дека Путин има акутни здравствени проблеми, но и покрај овие наводи, нема потврда за тоа за што еднаш зборуваше шефот на ЦИА.
Се верува дека Путин има неколку бункери во Сибир.
Семејствата и пријателите на шефовите на држави ќе бидат префрлени во бункерот порано“, се наведува на Телеграма на каналот „Генерал СВР“.
