2.8 C
Skopje
четврток, ноември 26, 2026

Германија: Следната година очекуваме поскапување на струјата во просек за 60 отсто

„Следната година очекуваме поскапување на струјата во просек за 60 отсто“, изјави портпаролот на Здружението на комунални претпријатија на Германија (ВКУ).

Во моментов, цените на струјата растат побавно од цените на бензинот, кои во меѓувреме веќе се зголемени меѓу 30 и 60 отсто во споредба со периодот пред војната во Украина, во зависност од снабдувачот.

Цените на струјата, според министерот за економија и снабдување со енергија Роберт Хабек (Зелени), би можеле дури и да се удвојат доколку владата не интервенира на пазарот и не ги ограничи маржите на енергетските компании. „Доколку не преземеме решителни чекори и веднаш не го реформираме пазарот на електрична енергија, цените би можеле да се удвојат“, рече Хабек.

Можна „кочница“ за цените на струјата во моментов се разговара во рамките на федералната влада. Хабек смета дека ситуацијата може да се нормализира од средината на следната година. И канцеларот Олаф Шолц (СПД) е за воведување на плафон на цената на струјата за домаќинствата и малите бизниси.

Шолц најави договор за ова прашање во текот на октомври. Според последното истражување на јавното мислење на јавниот сервис АРД, 40 отсто од испитаниците стравуваат дека во иднина нема да можат да ги плаќаат сметките за струја и гас или дека ќе можат „само со голема тешкотија“.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести