Русија со недели ги критикуваше САД дека не им даваат визи на членовите на руската делегација за учество на 77. сесија на Генералното собрание на ОН, што почнува денеска во Њујорк.
„Денеска му беа издадени визи на Лавров и на одреден број луѓе кои ќе го придружуваат“, пренесе Интерфакс, повикувајќи се на Министерството за надворешни работи.
Москва ги обвини САД дека се обидуваат да го блокираат целосното учество на Русија во Генералното собрание.
Форумските сесии на високо ниво започнуваат следната недела.
Кремљ денеска ги обвини Соединетите Држави за „прекршување на нивните обврски“ бидејќи не ѝ дадоа визи на целата руска делегација и соопшти дека презема чекори за да ги повика ОН и САД на одговорност за оваа ситуација.
