2.8 C
Skopje
среда, ноември 25, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Антимакедонската СДС да не се плаши од народот и да прифати Референдум

Антимакедонската СДС да не се плаши од народот и да прифати Референдум. А, со Референдумот и предвремени парламентарни и претседателски избори, бараат од ВМРО-ДПМНЕ.  

Договорот за добрососедство и пријателство со Бугарија е коренот на сите проблеми и затоа е потребен Референдум и мобилизација на народот против него. Не може само Македонија да презема обврски, а Бугарија да условува, велат тие.  

Потенцираат дека Договорот со Бугарија кој го потпиша Заев, а го продолжи Ковачевски е отровното дрво кое раѓа отровни плодови, а последиците од таквиот договор ги гледаме денес. Овој договор со Бугарија е основата за негација на македонскиот јазик, идентитет и историја. 

Затоа, само Референдумот е можност народот да излезе и да го каже својот став, а според истражувањата над 60% од Македонците би го подржале Референдумот, истакнуваат од партијата.  

Во соопштението стои дека антимакедонската СДС треба во најмала рака да ја подржи иницијативата и да дозволи да се слушне волјата на граѓаните, но тие бегаат од Референдум затоа што знаат дека народот е против нив и против нивните погубни политики од кои само Македонија губи. 

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести