5.8 C
Skopje
понеделник, ноември 23, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ повторно излезе на виделина

Неспособноста на власта на СДСМ и ДУИ повторно излезе на виделина. 6,5 милиони евра државата платила за пенали поради нереализација на пругата, втората делница кон Бугарија. Ем нема пруга кон Бугарија,  ем 6,5 милиони евра помалку во Буџетот, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие потенцираат дека Бочварски, но и Ковачевски мора кривично да одговараат за оваа штета врз Буџетот на Македонија, како и штетата да ја платат со сопствениот имот.

– Одговорност за ова катастрофално работење мора да има. Министрите од оваа криминална власт ги бива само за сликање и потпишување на протоколи за соработка со соседите, но целосно се неспособни да изградат еден километар железничка пруга. Помпезно најавуваната изградба на пругата како дел од добрососедските односи со Бугарија остана заглавена во Протоколот со направена милионска штета врз џебот на граѓаните, истакнуваат тие.

Оттаму додаваат дека со 6,5 милиони евра кои државата ги даде за камати и пенали можеа да се набават десетици патнички вагони, лакомотиви, а можеа да се реконструираат и десетина километри од железнички пруги во Македонија.

– Недомаќинското работење со државните пари, граѓаните ќе го казнат на следните парламентарни избори. Секој украден денар од Буџетот ќе биде вратен и секој кој украл од граѓаните ќе одговара, истакнуваат тие.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести