Во јавните згради ќе биде дозволено греење на максимално 19 степени Целзиусови, зградите и спомениците повеќе нема да се осветлуваат ноќе, а нема да се осветлуваат ниту рекламните билборди, изјави Хабек за весникот СЗ.
„Потребни се повеќе заштеди и во деловниот свет“, рече тој, без да наведе повеќе детали. Тој рече дека за тоа се разговара и со претставници на Министерството за труд. Во јули, Хабек претстави нов пакет за потрошувачка на енергија во контекст на значителното намалување на снабдувањето со руски гас. Тогаш се зборувало дека е важно да се намали потрошувачката на гас во компаниите, стопанските објекти и во приватните домаќинства.
Министерството за економија сега планира во соработка и координација со другите министерства да воведе дополнителни мерки поврзани со потрошувачката и ефикасноста на енергијата. За овие мерки е предвиден почетен период од шест месеци.
