Ана Николиќ успеа да ослабе голем број килограми благодарение на советите на нутриционист и режимот на исхрана до кој строго се придржуваше. Ана, како што се зборуваше своевремено, успеала да симне 50 килограми и затоа изгледа привлечно како на почетокот на кариерата.
Пејачката признала како изгледа нејзиното 7-дневно мени, односно начинот на исхрана до која се придржува.
– Мојата тајна како ослабев: најважно е внесот на течности. Ја имам мојата утринска рутина. Штом станам пијам две чаши вода. Некогаш со лимон, некогаш без. После тоа доаѓа мојот појадок, кој често е јајце со домат или некој друг зеленчук. Понекогаш можеби само свежа салата или житарки. За време на ручек јадам бело месо или риба со зеленчук на пареа. Ги исклучив јаглехидратите, се придржувам до внесот на калории од 1.000 до 1.200. Целосно се откажав од слатките. И месото, освен рибата. Ако навистина ми падне шеќерот, тогаш јадам една лажица нутела и замислувам дека сум ја изела целата. Губењето на вишокот килограми е работа на психата, изјавила Ана.
Човек мора цврсто да одлучи дека сака да промени нешто и така ќе успее. Првиот месец е тежок, но се навикнувате. Со помош на апчиња за слабеење, не чувствував глад и немав потреба да вечерам. Ако огладнам во доцните часови, јадам зеленчук. Морков, краставица или само зелена салата. Колку помалку солено, толку подобро. Пијам 2 до 3 литри вода дневно. Понекогаш дури и 4, признала таа.
Ова е менито на Ана Николиќ
Појадок:
– 2 изматени јајца со еден домат
– јогурт со снегулки и 1 овошје
– јаболко и грст ореви
– кајсии/цреши со јогурт
Ручек:
– супа од брокула
– пржени пиперки со ориз
– лосос и спанаќ
– печурки со кромид и бело месо
– зелена салата со туна/ракчиња
– зеленчук со риба
Вечера:
– јогурт
– некое овошје
