Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија, издаде драматично предупредување за најголемата електрана во Европа, Запорожје.
Електраната се наоѓа во југоисточна Украина и е окупирана од руските сили, наведувајќи дека нуклеарната централа е „целосно надвор од контрола“, пренесува Sky News.
Ситуацијата таму станува се поопасна секој ден, рече тој и ги повика Русија и Украина да дозволат експерти да го посетат комплексот за да се спречи нуклеарна несреќа.
„Секој принцип на нуклеарна безбедност е прекршен. Ризикот е исклучително сериозен и опасен“, додаде тој.
Тој укажа на гранатирањето во близина на електраната на почетокот на војната и продолжи со обвинувањата на Русија и Украина за нападите врз НЦ Запорожје.
Нуклеарната централа моментално е под контрола на Русија, но го задржа својот украински персонал, што доведе до несогласувања и, наводно, одредено насилство.
„Агенцијата има одреден контакт со персоналот, но нерамномерен и проблематичен“, рече Гроси.
Тој рече и дека е прекинат синџирот на снабдување со опрема и резервни делови за нуклеарната централа, па Агенцијата не е сигурна дека НЦ Запорожје добива се што и треба.
