8.8 C
Skopje
сабота, ноември 28, 2026

ВМРО-ДПМНЕ: Власта бега од избори и од референдум, власта бега од народот

Власта бега од избори и од референдум, власта бега од народот, велат од ВМРО-ДПМНЕ и додаваат дека така е затоа што се грижат единствено за фотелјата и како да останат подолго на власт.

– Предавникот Ковачевски знае дека народот е против бугаризацијата која тој ја турка и затоа бега од соочување и на избори, и на референдум. Тој само се грижи за својата фотелја и како ден повеќе да остане на власт. Референдумот е најдобар начим да се слушне ставот на народот.

Власта не смее да го заложува целиот народ, идентитет, историја и јазик. Интеграцијата во ЕУ треба да се случи под достоинствени критериуми, како што било пракса со сите држави кои до сега станале членки. Македонија и македонскиот народ не треба да бидат дискриминирани и асимилирани во тој процес, се вели во партиското соопштение до јавноста.

Читај Следно

10,371FansLike
2,319SubscribersSubscribe

Најнови Вести