Овен
Љубов:
Изненадете ја вашата сакана личност на некој необичен начин, доколку имате доволно фантазија можно е се да промените во позитивна насока.
Работа:
Некој ги предизвикува вашите идеи или влијанието што го имате во деловните кругови. Со неколку добри потези можете да ги решите вашите проблеми.
Здравје:
Важно е да се задржи позитивен став.
Бик
Љубов:
Не сакате да пропуштите ненадејна можност за емотивно поврзување. Одговорете на нечии „сигнали“ или љубовна порака.
Работа:
Ве привлекуваат големи предизвици или можност да ги тестирате своите способности под необични услови.
Здравје:
Во одлична психофизичка форма сте.
Близнаци
Љубов:
Размислете како треба да анимирате личност. Избегнувајте ривалство или натпреварувачки улоги во врската со вашиот романтичен партнер.
Работа:
Не очекувајте невозможни решенија, туку соберете ги сите потребни информации за добрите деловни можности.
Здравје:
Обрнете внимание на поуреден начин на живот и правилна исхрана.
Рак
Љубов:
Ви недостига трпение, а на партнерот му недостасува храброст или импулс да се соочи со заедничките проблеми.
Работа:
Не ви се допаѓа нечија улога во заедничките преговори, но порано или подоцна се си доаѓа на свое место.
Здравје:
Внимавајте на правилната исхрана и здравствената превенција.
Лав
Љубов:
Во средбата со блиска личност лесно можете да го добиете она што го сакате, но тоа веќе не ви причинува задоволство.
Работа:
Не дозволувајте другите да ви наметнуваат непотребни обврски или да го нарушат вашиот вообичаен начин на работа.
Здравје:
Избегнувајте стресни и напорни ситуации.
Девица
Љубов:
Нема потреба да се плашите од вистината или да ги потиснувате своите желби во друштво на блиска личност.
Работа:
Сè има своја граница или цена, така што работната терапија има позитивни ефекти само под одредени услови.
Здравје:
Олеснете си ја совеста, ќе ви годи релаксација.
Вага
Љубов:
Нема причина да ја изгубите самодовербата, вашиот партнер наскоро ќе се премисли во ваша корист.
Работа:
Нечии изјави и морална поддршка се во ваша корист. Важно е да избегнувате „инстант рецепти“ при решавање на деловните дилеми.
Здравје:
Ќе уживате во забавата во избраното друштво, опуштете се.
Скорпија
Љубов:
Партнерот делува прилично возбудено, што исто така ви го нарушува расположението. Не можете да одговарате на заедничките интереси.
Работа:
Побарајте нечија поддршка или професионално мислење. Секоја форма на добра превенција може да биде од голема помош.
Здравје:
Избегнувајте разни непријатности и стресни ситуации.
Стрелец
Љубов:
Важно е да реагирате во вистински момент пред вашата сакана личност. Доколку сте слободни, планирајте романтична средба или атрактивна забава.
Работа:
Понекогаш работите изгледаат премногу комплицирани. Но, нема успех без ризик. Вашата околина изгледа стимулативна и добронамерна.
Здравје:
Во одлична психофизичка форма сте.
Јарец
Љубов:
Бидете дискретни, постои можност некој да ги разоткрие вашите „тајни намери“. Партнерот со будно око ги набљудува и ги следи вашите движења.
Работа:
Се грижите да се борите за подобра деловна позиција. За среќа, имате многу убедлив ефект врз вашата околина.
Здравје:
Внесувајте повеќе витамини и течности во вашата исхрана.
Водолија
Љубов:
Нема потреба да имате големи илузии. Лесно се занесувате. Побарајте поддршка и разбирање од проверените пријатели.
Работа:
Важно е да не зборувате премногу пред личност која може да ве окарактеризира на погрешен начин или да ги искористи вашите изјави во своја полза.
Здравје:
Подобрете ја вашата кондиција.
Риби
Љубов:
Новите настани можат да го нарушат вашиот однос со вашата непосредна околина. Преиспитајте ја вашата емотивна поврзаност со саканата личност.
Работа:
Премногу сте зафатени со амбиции, па не забележувате нови настани кои ја засегаат вашата околина. Се си има своја цена.
Здравје:
Ќе ви годи психофизичка релаксација.
